05:19 - 14 ноември, 2026

(Фото) Лице како порцеланска кукла: Мелина покажа како била нашминана на венчавката, а носи бисерни обетки од 1.000 евра 

Поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина, се омажи за британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј во Монако, а гламурозната прослава се одржа во Италија. Модната дизајнерка смени неколку венчаници, а сега се појавија фотографии на кои се гледа скапиот накит што го носела, но и како била нашминкана.

Мелина Џиновиќ се омажи за милионер од Англија во Монако, а по бракот, модната дизајнерка го зеде презимето на сопругот и сега официјално се претставува како Мелина Арнолд.

Наместо класична венчаница за венчавката во Монако, таа се одлучила за елегантен, едноставен бел фустан до колена со јака и кратки ракави, со потпис на престижниот француски бренд „Диор“.

Фустанот што го носела беше специјално изработен според нејзините мерки и желби во бела боја, па цената на оваа „нарачана“ креација достигнала дури 8.000 евра, а имала и бисерни обетки во вредност од нешто помалку од 1.000 евра.

 


Нејзината шминкерка и очигледно блиска пријателка која била задолжен за изгледот на Мелина сподели неколку фотографии од јахтата. Како што можете да видите, Мелина била нашминкана во потопли тонови, додека косата ѝ била крената во висока пунџа. Невестата не ја симнала насмевката.

Сопругот на Мелина Џиновиќ се вика Џефри Пол Арнолд Деј. Роден е во декември 1958 година, има британско државјанство, но се води и како граѓанин на Монако, каде што живее во последните неколку години.

Двојката моментално живее во стан во Монако чија вредност се проценува на десетици милиони евра.

Џефри има децениска меѓународна кариера, за време на која беше поврзан со секторите за безбедност, консултантски услуги и недвижности.

Според официјалните податоци од британскиот регистар на компании, сопругот на Мелина е наведен како претприемач и директор со најмалку 28 позиции во различни деловни субјекти.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....