12:35 - 3 април, 2026

(Фото) Лазар Ристовски за првпат во јавност со новата девојка: Аница блесна во краток фустан

Лазар Ристовски и Аница Лазиќ беа меѓу бројните гости на синоќешното отворање на најголемиот комплекс филмски студија во регионот, студиото „Firefly“, кое работи во рамките на компанијата WMG. Ова е нивно прво јавно појавување заедно откако официјално ја објавија врската, пишува српски „Курир“.

Како што пренесуваат медиумите, парот на настанот дојде во одлично расположение. Аница блесна во мини фустан со цветен дизајн, со кој комбинираше црни чевли и чанта во иста боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)

И двајцата насмеано им позираа на фоторепортерите и со тоа уште еднаш потврдија дека уживаат во љубовта, а во текот на целата вечер беа неразделни.

Фотографиите од заљубениот пар може да ги погледнете ТУКА.

Да потсетиме, познатиот српски актер Лазар Ристовски пред неколку дена за прв пат ја обелодени својата љубовна врска со Аница, по разводот со Даница Ристовски со која беше во брак 42 години.

Тој со фотографија откри дека срцето му го украла 39 години помладата Аница Лазиќ, која се прослави со улогите во сериите „Дрим тим“ и „Попадија“, а глумеше и во филмот „Руски воз“. По професија е психолог, а студирала во Падова.

Како што напиша „Курир“, тие се во врска околу една година и веќе живеат заедно во Белград.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....