10.8 C
Скопје
22:50 - 3 април, 2026

(Фото) Колку е постар, толку е посекси: Еве што прави сега „турскиот Бред Пит“, што ги излуди жените во регионот

Турските актери станаа синоним за харизма, мажественост и неодолива привлечност. Нивниот продорен поглед и несекојдневната комбинација на страст и нежност ги освоија срцата на гледачите во светот.

Сигурно на сите им е познат згодниот русокос и синоок турски актер Киванч Татлиту (41), кој поради својата неодолива убавина и харизма го доби прекарот „турскиот Бред Пит“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kıvanç Tatlıtuğ (@kivanctatlitug)

Киванч ја освои титулата најдобар модел на светот во 2022 година, што му ја отвори вратата кон актерството.

Киванч Татлиту е турски актер, модел и поранешен кошаркар. Тој е еден од најплатените актери во Турција и освоил многу награди, вклучувајќи три награди „Златна пеперутка“. Се здоби со слава со улогата во серијата „Забрането овошје“. Тој е еден од водечките турски актери, со улоги во неколку многу успешни телевизиски серии, вклучувајќи ги „Гумуш“, „Љубов и одмазда“, „Север Југ“, „Љубов од одмазда“…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kıvanç Tatlıtuğ (@kivanctatlitug)


Згодниот Киванч во 2013 година започна врска со стилистката и модна дизајнерка Башак Дизер, која работи во компанијата „Ај Јапим“, каде што таа го облекува Киванч во серијата, а со неа се ожени на 19 февруари 2016 година, во Турската амбасада во Париз. Тие важат за еден од најхармоничните славни парови во Турција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kıvanç Tatlıtuğ (@kivanctatlitug)


Киванч Татлитуг, роден на 27 октомври 1983 година во Адана, важи за еден од најатрактивните турски актери. Тој е познат и по прекарот „турскиот Бред Пит“. Неговата висока фигура, продорни сини очи и мажествена појава го направија миленик на женската публика. Киванч потекнува од семејство на босански мигранти, со што гордо се фали, истакнувајќи ги своите балкански корени.

Иако како тинејџер сонувал да стане професионален кошаркар, судбината го одвела во светот на модата и глумата. Благодарение на беспрекораната убавина и шарм, тој брзо станал најбаран модел во Турција. Неговата актерска кариера започнала со улогата во серијата „Гумуш“ (2005), но вистинската слава ја стекнал како Бехљул во хит-серијата „Забрането овошје“ (2008). Неговата способност да биде и романтичен и мистериозен во исто време го направила еден од најбараните актери во индустријата.

Татлитуг се истакна во многу проекти, вклучувајќи ги „Езел“ (2009), „Север-југ“ (2011) и „Судбина“ (2016). Неговата последна улога во филмот на Нетфликс „Последен повик за Истанбул“ уште еднаш ја докажа неговата актерска големина.

Меѓу најновите проекти се издвојува серијата „Ајле“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kıvanç Tatlıtuğ (@kivanctatlitug)


Тој во моментот е потврден како главен актер во адаптацијата на популарниот роман на Адам Фавер „Olasılıksız“, продуциран од OGM Pictures, кој ќе биде научно-фантастичен трилер напишан од Неџати Шахин.

Како креативен продуцент, тој учествува во видео серијата „Ново издание од тебе“ (A New Edition of You), во соработка со брендот „Мави“, во која открива лични приказни за трансформација.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....