6.8 C
Скопје
08:56 - 1 април, 2026

(Фото) Колегите и пријателите се простуваат од Том Сајзмор: „Знаев за неговите страдања и борби“

Колегите, пријателите и обожавателите се збогуваат со актерот Том Сајзмор, кој почина на 61-годишна возраст.

Многу луѓе се огласија дури и откако семејството на актерот во понеделникот објави дека нема надеж за Том и дека лекарите ги советувале да размислат за исклучување на машината што го одржувала во живот.

“Тажен сум што животот на Том Сајзмор заврши. Неговото семејство е во моите молитви. Том и јас бевме пријатели, знаев за неговото страдање и борба со зависноста. Тој беше неверојатно талентиран човек. Многу семејства страдаат од вакви трагедии, и ние не правиме доволно за тоа“, напиша актерот Роберт Дејви.

Од Сајзмор се прости и актерката Џордан Рејчел која сподели заедничка фотографија на Твитер.

“Еден од најдобрите. Ти благодарам за спомените и за смеата. Ќе ни недостигаш на сите”, напиша таа.

Се огласија и бројните фанови.

„Не напушти уште една легенда“, е еден од коментарите на Твитер.

„Добри десет години, Том Сајзмор беше врвниот „О, овој тип глуми во овој филм? Човеку, тоа ќе биде брутално“, напиша друг фан.

Потсетуваме, Том Сајзмор почина во сон ноќта кон саботата во болница во Лос Анџелес, каде што беше сместен откако на 18 февруари беше пронајден во несвест во неговиот дом.

 

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....