7.8 C
Скопје
19:48 - 31 март, 2026

(Фото) Испливаа единствените фотографии од венчавката на Тома Здравковиќ со втората сопруга: Милица била прекрасна невеста

Легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ ги сакал жените, а и жените го сакале него, а колку тој бил со „заљублива природа“ покажува фактот што неговата последна сопруга и вдовица Гордана Здравковиќ изјавила дека воопшто не ѝ пречело неговото често вљубување во потрага по инспирација.

Не е чудно, бидејќи Тома се женел четири пати, а негова втора сопруга била убавата Милица Божиќ, која, како што тврделе извори, ја запознал во белградскиот „Градски подрум“. Тома и Милица се венчале по неколку месеци љубов, а пејачот престанал да води боемски живот поради убавата сопруга. Сепак, тој им се вратил на пороците и ноќниот живот, па сопругата го оставила по само две години – во февруари 1970 година.

Милица подоцна се премажила и добила две ќерки, а едната од нив од старите албуми извадила две фотографии кои настанале при венчавката на нејзината мајка со Тома и ги споделила на Инстаграм.

„Тома и кева кога се сакаа“, напишала таа.

Милица, инаку, почина пред неколку години. Пред неа пејачот беше во брак со Олгица со која ја доби ќерката Жаклина, а по Милица беше во брак со Нада, а потоа и со Гордана, со која остана до крајот на животот и го доби синот Саша.

 

 

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....