5.8 C
Скопје
03:11 - 1 април, 2026

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац ја напушта Србија: Тежок удар за пејачката, не престанува да плаче

Хана Икодиновиќ, ќерка на пејачката Наташа Беквалац, се запишала на престижен универзитет во Мадрид. Како што дознава српски „Информер“, Хана ќе се пресели во шпанската престолнина од септември, каде што ќе го продолжи своето образование на универзитетот чија годишна школарина изнесува 15.000 евра.

Хана, која изгледа доста атрактивно, пред неколку месеци посетувала приватно училиште за шпански јазик во Белград, со цел да го подобри своето знаење и да си го олесни започнувањето на студиите за кои долго сонувала.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)


Извор за „Информер“ открива дека Хана го обожава Мадрид и со нетрпение очекува да живее во овој град, каде што веќе има многу пријатели од Белград.

– Хана е многу посветена и амбициозна млада дама која долго време го подготвува теренот за овој голем чекор. Таа веќе со месеци работи на подобрување на својот шпански јазик, а нејзиниот избор на Мадрид и престижен универзитет покажува дека е решена да ја искористи секоја можност за напредок. Школарината чини 15.000 евра, што не е проблем за Наташа, со оглед на тоа што отсекогаш нагласувала дека образованието на нејзината ќерка е најважното нешто – открива соговорникот на „Информер“ и додава дека единственото нешто што ќе ѝ биде тешко на Наташа е разделбата од миленичка.

– На Наташа, Хана и Катја ѝ сè на светот. Нивниот стан е една мала женска комуна, која некако ќе се распадне кога Хана ќе се исели. Кога Наташа го сфати тоа, плачеше цела ноќ, но е свесна дека сето ова е животот и дека така е најдобро.

Да потсетиме, по повод матурата на Хана Икодиновиќ, гордите родители Наташа и Данило Икодиновиќ се собрале во еден луксузен белградски хотел.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....