02:28 - 2 јануари, 2026

(Фото) Ќерката на Моника Белучи влегува во актерски води: Ќе ја гледаме во серија на Нетфликс

Осумнаесетгодишната Дева Касел, ќерка на најубавата актерка Моника Белучи и нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Винсент Касел, џепарлакот (кој е прилично висок) го заработува со манекенство и моделство, а набрзо тргнува по стапките на своите родители.

Убавината ја наследила од мајка си, а првиот работен ангажман го добила на четиринаесет години работејќи за модното дуо Долче и Габана. Тогаш таа беше заштитно лице на нивниот парфем, а деновиве снима модна кампања за нив во центарот на Рим. Најавено е дека ќе се појави во италијанската серија „Гепард“ која ќе се емитува на Нетфликс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)

Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои Златниот лав во 1963 година, историска сага во која глумат Клаудија Кардинале, Ален Делон и Бурт Ланкастер.

Дева ќе ја глуми Анџелика Седара, која во филмската верзија ја игра Клаудија Кардинале, млада жена од средната класа која станува катализатор за општествените пресврти.

Серијата има шест епизоди, а поставена на позадината на социјалната револуција во Сицилија во 1860-тите.

Сигурно ќе биде голема работа за манекенката која не бега од професионалното наследство на нејзините родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)

– Засега не планирам ништо да учам – штотуку завршив средно училиште. Моментално сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница на која присуствувам. Не би имала ништо против да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во глумата, но знам дека е тешка професија која бара многу време и многу лични вложувања за да се совлада. Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да бидм глумица. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам, поради што бев многу отворена во различни домени, изјави таа пред неколку месеци во интервју за магазинот Glass, не откривајќи дека веќе го добила првиот актерски ангажман.

Таа откри дека сака да готви, да слика, да танцува, а понекогаш и да е сама, но најмногу ужива во друштвото на своето момче, италијанскиот модел Луче Саландра.

 

Слични објави

(Фото) Деколте, длабок шлиц што ги открива долгите нозе: Ана Ивановиќ ја испрати 2025 година во секси издание

Еспресо

„Мислете на богатство во 2026 година. Без пари не се може“: Лепа Брена откри кои се нејзините желби

Еспресо

(Видео) Цеца блеснала во црвено за дочекот на Новата година, бујното деколте во преден план

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ носеше ист фустан како Жизел Бундшен на Нова година: Модел кој не простува несовршености, а двете штотуку се породија!

Еспресо
Се вчитува....