22:04 - 6 ноември, 2026

(Видео) Бакнежи, прегратки: Ќерката на Анабела и Гаги Ѓогани објави емотивно видео со своето момче кое е во затвор

Ќерката на музичарите и поранешни ријалити учесници Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, Нина Ѓогани е во врска со момче кое во моментот е во притвор во Белград, кого редовно го посетува.

Напролет ќе наврши една година од нивната врска, но нејзиното момче во моментот е во Централниот затвор на издржување на казната.

Нина е многу вљубена во своето момче, па трпеливо го чека надвор, а во текот на дозволените посети, оди да го види и му носи сè што му е потребно.

Таа сега објави видео на својот Инстаграм во кое ги спои нивните стари снимки, а покрај видеото остави и порака: „Моето сè“ и покажа колку ѝ недостига.

Нина на социјалните мрежи редовно објавува фотографии со своето момче кои се направени додека тој бил на слобода.

Медиумите ги фотографираа летово додека беа заедно на море, а спомени од тој период најмногу објавува и самата Нина, но секогаш му ја покрива главата со налепници.

Да потсетиме, Нина неодамна на 29 февруари доживеа сообраќајна несреќа и заврши во Ургентниот центар.

Анабела се огласи ден по сообраќајната несреќа, на 1 март и откри како се чувствува Нина.

– Нина е добро, се чувствува добро. Нагмечена е, ќе поминат неколку дена додека сето тоа исчезне. Утрово бевме на Ургнетно, на преглед, сè е во ред – рекла пејачката Анабела Атијас за „Блиц“ .

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....