7.8 C
Скопје
23:05 - 1 април, 2026

(Фото) Ќе ви го разубави денот! Сања Кужет за првпат го покажа новородениот син

Водителката на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет на трети јули се породи и на свет донесе момче, кое нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ и таа го крстија Вук.

Поради бременоста Сања мораше да се повлече од малите екрани, а на нејзиното место дојде пејачката Ана Севиќ.

Иако јавноста немаше можност да ја гледа во шоуто чие заштитно лице е таа, Сања беше повеќе од активна на Инстаграм каде објавуваше слики со трудничкиот стомак.

По породувањето се повлече од социјалните мрежи и до сега не споделуваше фотографии од својот најмлад наследник.

Сега, Сања објави фоторгафија без грам шминка и покажа како ужива со малиот Вук. Српската водителка лежеше на креветот опуштена, а синот и беше свиткан на градите.

Оваа фотографија ги разнежни многубројните следбеници, а коментарите под објавата почнаа да течат. „Драга моја“, „Убава“, „Да си здрав, среќен и хармоничен“, „Благо“, „Прекрасна“, беа само дел од коментарите.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....