7.8 C
Скопје
19:41 - 1 април, 2026

(Фото) Ѕирнете во домот на Драган Бјелогрлиќ: Златни завеси и старински детаљ кој на сите им паѓа во око

Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој во моментов е во центарот на вниманието поради филмот „Чувари на формулата“, повеќе од 25 години ужива во љубовта со својата избраничка Маја, со која ги има синот Алексеј и ќерката Миа.

Тој вешто се труди својот приватен живот да го држи подалеку од љубопитните очи на јавноста, но во едно интервју, пред повеќе од 15 години, откри како по само две недели познавање ја однел Маја во семејната куќа во банатското село Баранда.

По возбудливото ноќно излегување во Белград, актерот во мугрите ја однел Маја до Баранда. Застанале под едно дрво, а тој, покажувајќи ѝ ја куќата и големиот двор, рекол: „Обиди се сето ова да го опфатиш само со еден поглед. Ако си паметна, твоите деца ќе растат овде“.

Бјелогрлиќ со семејството изградил луксузен дом во Белград на кој можат да му позавидат и холивудските ѕвезди. Кога актерот еден зимски ден ги собрал колегите во својот дом, дружењето го овековечил со фотографија на која се гледа како живее актерот.

 


Врвните актери на чело со познатиот Бјела собраа многу лајкови, меѓутоа,  следбениците го забележале пространиот и стилски опремен дом во кој доминираат златна и беж боја, модерен мебел, а посебно внимание привлекол еден старински лустер кој на просторијата ѝ дал екстравагантна нота.

Освен раскошната дневна соба, на Инстаграм може да се ѕирне и во работнатата соба на Бјелогрлиќ, резервирана исклучиво за деловни планови и состаноци. Покрај масата од масивно дрво, тука е и фотелјата, ламбата, како и бројни постери и слики на ѕидовите.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....