7.8 C
Скопје
20:17 - 30 март, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ купила „домашен тигар“, чија цена оди и до 41.435 долари! Го покажа новото милениче и го „запали“ интернетот

Српската водителка Јована Јеремиќ одлучила да ја израдува својата ќерка Леа Милошевиќ со ново милениче.

Имено, Јована купила бенгалска мачка која ја нарекла Хера.

Од тој момент Хера стана главна ѕвезда на инстаграм-профилот на Јована.

Имено, водителката открила дека нејзината мачка Хера целосно ја променила, поради што таа е пресреќна. Како што рекла, таа ја смета мачката за своја „нераскажана приказна“. Јеремиќ преку својот инстаграм-профил редовно споделува фотографии од мачката, а сега со една објава ги разнежи сите.

Јована истакнала дека Хера многу ја променила, на што ѝ е бескрајно благодарна.

– И во другиот живот и во овој. Ти благодарам што толку многу ме сакаш, што ме прифати како газдарица, иако си дива мачка. Ти благодарам што си госпоѓа какви што не постојат две. Ти благодарам што ме промени на подобро. Твојата елеганција, отменост, аристократија, која е во твојата крв, преоѓа на мене и ме облагородува – напишала Јована Јеремиќ на својот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Инаку, бенгалската мачка претставува хибрид на домашна мачка и азиски леопард, ја нарекуваат уште и „домашен тигар“ и спаѓа во првите 3 најскапи мачки во светот.

На огласите нејзината цена е околу 1.000 евра, а според информациите на Википедија може да достигне и неколку десетици илјади долари, а највисоката цена што е достигната била 41.435 долари, па засега не се знае колку за мачката платила Јована.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....