4.8 C
Скопје
10:00 - 9 февруари, 2026

(Фото) Социјалните мрежи „горат“ поради ноктите на Јелена Ѓоковиќ, погледнете ја добро оваа фотографија!

Јелена Ѓоковиќ воодушеви со елеганцијата во Дубаи, каде што нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ, ја доби наградата „Globe Soccer“ за неговиот придонес во спортот.

На церемонијата присуствуваше и Јелена, во придружба на братот на Новак, Ѓорѓе.

Таа зрачеше со елеганција на настанот, во едноставен црн фустан под колена, црни потпетици, совршено стилизирана коса и нежна, воопшто невпечатлива шминка. Повторно, Јелена испрати јасна порака – помалку е, понекогаш, навистина повеќе.

– Вечер за паметење. Многу сум горда на тебе – му порача Јелена на Новак во објавата на Инстаграм.

Меѓутоа, набрзо на социјалните мрежи се поведе дебата околу еден детаљ на неа, и тоа околу нејзините нокти.

Јелена ја фотографирала својата рака, на која се гледал скапоцен накит, а на многумина им го привлече вниманието нејзините природни нокти кои не беа налакирани.

Причина за „војната“ на интернет беше коментарот на еден корисник на социјалната мрежа Икс кој гласи:

– Јеца Ѓоковиќ барем можеше да си ги налакираш ноктите на овој прескап накит.

„Да стави вештачки нокти, па да глуми дека е српска елита? Е тоа е суптилната разлика“, „Погледни ги ноктите на Кејт Мидлтон, па можеби ќе научиш нешто“, „Не можеше, логично. Некој што толку многу внимание обрнува на исхраната, веганството, здравиот живот, сите природни препарати, сигурно нема да користи лак за нокти за чии штетни ефекти се зборува сè почесто“, „Дискретно налакирана, таа не е проста жена, па да ги носи тие акрилни ужаси“, „Ти веројатно би ги направила ноктите на Ники Минаж“, „Немам ваков накит, но имам исти нокти, без гел. Колку сум грешна?“, „Ноктите се уредни, не гледам проблем“, се само некои од бројните коментари.

Набрзо следеше лавина од коментари од луѓе кои жестоко ја бранеа Јелена.

Да ве потсетиме дека претходните денови, Ѓоковиќ веќе беше во Дубаи, каде што се подготвува за почетокот на сезоната и Австралија Опен, а сега имаше чест да му ја врачи наградата еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.

 

Слични објави

(Фото) Густата магла и лизгавиот коловоз ги спречило киднаперите на Даниел Кајмакоски да го спроведат својот план до крај!

Еспресо

(Фото) Го донесе во Софија: Азис му приреди на сопругот ноќ за паметење

Е.А.

(Фоѕо) Фотографија од Верица Ракочевиќ се шири со молскавична брзина: Сега сè е јасно

Е.А.

Мина најави дека ќе оди на вештачко оплодување и откри интимни детали: Еве како нејзината ќерка се согласува со Каспер

Е.А.

„Изневерував, таа го будеше најлошото во мене“: Љуба Перуќица проговори за неверството

Е.А.

Нови детали за нападот на куќата на Здравко Чолиќ: Постои сомневање дека уапсените се дел од Врачарскиот клан

Е.А.
Се вчитува....