2.8 C
Скопје
20:06 - 18 декември, 2024

(Фото) Факели за љубов на Мијата во Куршумли Ан: Оригинален концерт, промоција и роденден

На уникатен начин, кантавторката Наташа Крстевска- Мијата сношти го прослави својот роденден, со прекрасен концерт во Куршумли ан и промоција на новиот албум, „Вида“.

Пред концертот, Мијата ги почести пријателите со торта на која беше насликана насловната фотографија од албумот. Наташа ја објасни симболиката на албумот на кој има 13 песни, а самата е автор на голем дел од нив.

– Насловот на албумот е поврзан со симболот на Св. Вид, Вида е симболика на таа која што прогледала. Музички, „Вида“ е една нова зрелост за мене. Го задржувам форматот од 13 песни, како и претходниот албум, но овој пат искреноста кон секоја песна и емоција е уште поискрена и подиректна би рекла“, рече Мијата која го наполни Куршумли Ан до последно место.

Пеејќи ги песните од „Вида“, таа нагласи дека нема да изостанат ниту хитовите од нејзиниот претходен албум, „Небеска“. „Сега доаѓа секси делот. Подгответе ги колковите- рече пред да ја испее англиската верзија на „Цвет во постела“.

Откако ја испеа „Волшепства“, песната за која пред 15 години сними спот на Куба, раскажа интересна приказна за песната „Панделка“. Прво ја испеа првичната верзија на оваа песна која била на англиски јазик па објасни:

– Ова беше првичната верзија на „Панделка“, но јас не бев комплетно среќна со неа. Затоа, кога имаш креативна криза, се обраќаш кај своите сестри. Отидов кај Весна Малинова и ѝ реков да направи прва братучетка на „Волшепства“ – рече Мијата. Раскажа и дека во еден период се повлекла од музиката, а причината седи во првиот ред, мислејќи на нејзините деца, Никита и Калин кои ги поздрави.

Настанот се одржа во рамките на Скопско лето, а го водеше Ана Зафирова. Познатата новинарка раскажа дека таа и Мијата се споиле вежбајќи Таи чи, а нејзиниот уникатен вокал го спореди со камбани кои ѕвонат.

Во целата атмосфера на Куршумли Ан и убавиот свет кој дојде на концертот, убаво се вклопи песната „Бај бај“, преработка од групата „Буба мара“, песна која ја напиша Драган Каранфиловски- Бојс. Мијата ја преработи оваа песна пред 4 години, а и ја испеа во една поромантична, блуз верзија.

На крајот од концертот, а особено на на најголемиот нејзин хит, „Верувам во себе“, Мијата доби оригинална поддршка од синот и сопругот кои за нејзината љубов запалија факели од горниот кат на Куршумли Ан, заедно со нивните пријатели.

Валентино Скендеровски ја придружуваше Мијата на клавијатури, Кире Мирчевски свиреше акустчина и елекктрична гитара, Горан Гешовски бас гитара, Ратко Даутовски перкусии, Иво Митковски тапани. Придружни вокали беа Мартина Нанеска, Елена Васова и Дино Хриџиќ.

На концертот имаше и доста гости: Теда, „Фолтин“, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски, Бранко Илиевски и Ангел Ќосев. Мијата рече дека никој од нив не е тука случајно и секој оставил дел од својата душа на овој албум.

Слични објави

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....