9.8 C
Скопје
03:16 - 4 април, 2026

(Фото) Еве како изгледаат родителите на Јелена Розга: Мајка ѝ е елегантна русокоса, татко ѝ вистински господин

Хрватската пејачка Јелена Розга има кариера на која многумина можат да ѝ позавидат. Првиот професионален успех го постигна во групата „Магазин“, а потоа успеа да оствари завидна соло кариера.

Јелена Розга е една од ретките јавни личности која не е предмет на скандали, па мошне малку се знае за нејзиниот приватен живот. Сепак, нејзиниот љубовен живот е многу интересен. Ја поврзуваа со многу мажи, а јавно проговори само за врската со хрватскиот виолончелист Стјепан Хаузер, која, за жал, заврши.

Убавата пејачка ретко зборува и за своите родители, кои ѝ се ветер во грб во текот на целиот живот. Сепак, таа признала дека тие се заслужни за тоа што никогаш не го „кренала нос“.

– Сето тоа доаѓа од дома, имам прекрасни родители кои секогаш ме учеа да останам добра, никогаш да не го кревам носот високо. Сепак, имам прекрасна работа, среќна сум што го работам тоа што го сакам. Имав среќа што како дете дојдов во „Магазин“. Останатото не е среќа, туку многу работа, дисциплина и труд што ги вложив во последните дваесет години од мојата кариера – изјавила Розга, која неодамна првпат покажа како изгледаат нејзините родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


„Минута од моето срце“, навела Јелена во описот на заедничката фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....