05:57 - 14 ноември, 2026

(Фото) Еве каде е поранешниот на Цеца четири дена по тајната венчавка: Богдан објави романтична фотографија, среќата ја најде тука

Српскиот угостител Богдан Срејовиќ и неговата избраничка Јована Љубисављевиќ се венчаа пред четири дена во тајност во манастирот Грачаница.

Богдан и Јована на Инстаграм објавија фотографии направени по венчавката, а Богдан сега на Инстаграм покажал каде се упатил со пријателите.

Имено, Богдан отишол на Света Гора, поточно во манастирот Хиландар.

Тој го фотографирал зајдисонцето на плажата, а во описот на фотографијата напишал: „Да продолжиме кон Света Гора“.

Инаку, сеа шпекулира дека Јована е бремена, а на фотографиите што ги објави цело време ги држела рацете врз стомакот.

Да потсетиме, Јована неодамна проговори за врската со Богдан, а во таа прилика откри и како ја замислува нивната венчавка.

– Љубомората е потребна во врската, но во нормални граници, сржта е комуникацијата. Имам совршен однос со ќерката на Богдан и многу сум среќна и горда и ништо не би менувала. Јас и Богдан сме една целина, живееме заедно и 99 отсто од времето го поминуваме заедно. Еден ден би направила гала свадба три дена и три ноќи, а следниот ден би се омажила некаде без никој да знае, но сигурно ќе бидете известени – изјави во една прилика Јована.

Инаку, Богдан Срејовиќ има ќерка со поранешната манекенка Зорана Тасовац, која е во среќна врска со пејачот Сашко Ковачевиќ.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....