10:59 - 3 април, 2026

(Фото) Драгана Мирковиќ го украси замокот со раскошна декорација: Празнична трпеза, богато накитена елка среде соба

Во замокот на Драгана Мирковиќ во Виена се слават католичкиот и православниот Божиќ, а во оваа прилика се собира семејството.

Српската музичка ѕвезда покажа дека е подготвена за божиќните и новогодишните празници. Таа на својот Инстаграм сподели фотографија од накитената новогодишна елка на која преовладуваат црвено-белите украси. На врвот од елката, висока до таванот, поставила црвена панделка, кој годинава ја замени традиционалната ѕвезда.

Инаку, во домот на пејачката ден претходно имало свечена вечера, а атмосферата ја покажа нејзиниот син Марко, кој објави фотографија со девојката која му седи во скут покрај празничната трпеза, која била свечено поставена. Сите забележаа дека чиниите и чашите имаат новогодишни мотиви.

Инаку, пејачката овој замок од 12.000 квадратни метри го купила во 2010 година, во него инвестирала изминативе 14 години, а ќе продолжи да го прави и во иднина бидејќи, како што вели има големи планови.

Замокот има своја капела и била единствената, освен ѕидовите околу долните прозорци, која била добро сочувана. Околу олтарот има скулптури, едната со клуч, кој претставува богатство, а другата со меч, кој претставува оружје.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....