9.8 C
Скопје
13:03 - 1 април, 2026

(Фото) „Драг наш, издржи…“: Објавена фотографија од Мишо Ковач од болница

мишо ковач

Познатиот пејач Мишо Ковач (82) пред неколку дена заврши во болницата во Сплит, поради влошена здравствена состојба. Неговата ќерка Ивана Ковач веднаш се огласи и за медиумите кажа дека пејачот бил хоспитализиран поради висока температура.

Сега, на социјалните медиуми се појави фотографија од Мишо. Сплитскиот градежен инженер Берислав Боровина на својот Фејсбук сподели фотографија од пејачот од болница, која како што пренесуваат локалните медиуми, му ја испратил неговиот девер, доктор во Фирула.

„Далмација, Св. Дује, Марјан, Хајдук, … ја продолжуваат серијата. Некој ќе рече Оливер, други Мишо, а јас ги кажувам двете, секој на свој начин. Мојот зет, д-р Младен Франкиќ, отоларинголог во КБ Фируле, пријатно ме изненади со заедничката слика со легендата на хрватската музика, Мишо Ковач. Драг наш Мишо, издржи. Има многу од нас кои пораснавме заедно со вашите песни и кои како мене ви испраќаме искрени желби за брзо закрепнување“, напиша Боровина во описот на фотографијата.

Инаку, Ковач се соочува со Хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ) и поради тоа му одговара животот покрај море. Во понеделникот приквечер, неговата сопруга повикала Итна медицинска помош, која го пренела во Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....