6.8 C
Скопје
17:18 - 18 декември, 2024

(Фото) Дошла да ѝ помогне околу семинарската, се вљубила во него: Српскиот актер се ожени со 32 години помлада студентка

Дека љубовта не знае за години е случајот со српскиот актер Небојша Кундачина, познат по улогите  во сериите „Азбуката на нашиот живот“, „Нотесот на професор Мишковиќ“, „Децата на злото“… Тој се вљубил во Марија, која е 32 години помлада, која, кога се запознале, била студентка во прва година по глума, пишува српски „Блиц“.

Небојша и Марија се запознале во текот на нејзината семинарска работа додека била прва година на студии.

Тие се венчаке на 24 јануари 2019 година, а парот вели дека „љубовта не знае за години“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by etši rozop (@marijamajakundaciina)


Во текот на семинарската работа, Марија внимателно ја следела работата на Небојша Кундачина, а неговата глума многу ја трогнала, па посакала да разговара со него за претставите што ги гледала.

– На факултетот добивме задача да напишеме семинарска работа за претставите што ги гледавме, а јас гледав неколку во националниот театар во кои глумеше Небојша. Бев толку трогната од неговата глума што му пријдов по една изведба со желба да му поставам неколку прашања за неговите улоги – изјавила Марија своевремено за „Глорија“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by etši rozop (@marijamajakundaciina)


Небојша истакнал дека бил изненаден од тоа што некој толку студиозно гледа претстави и пишува семинарска работа за тоа.

– Бидејќи обично не сум во состојба да мислам како што треба по одигрувањето на претставата, ја замолив Марија да се слушнам со неа следниот ден. Сакав, во меѓувреме, да размислам малку и да дадам соодветни и кохерентни одговори. И така, следниот ден се слушнавме и разговаравме, се разбира во театарот и за театарот, а меѓу нас веднаш се појавија симпатии, се препознавме – истакнал Кундачина и додал:

– Меѓу нас, уште од почетокот сè беше некако романтично и токму како што и треба да биде, ако нешто може да биде романтично во ова брзо и лудо време. Прекрасно е кога двајца луѓе ќе се најдат и ќе се препознаат. Кога е во прашање вистинската личност, тогаш сè се случува лесно, без никакви стратегии и планови, па свадбата дојде некако спонтано. Имаме многу исти интереси, за глума, музика. Многу читаме, но главно поврзано со актерството, споделуваме слично чувство за добри работи и заедно сето тоа го доживуваме како некој восхит – изјавил актерот за односот со Марија.

 

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....