12:05 - 5 декември, 2025

(ФОТО) Долината на куклите: Единственото место пострашно од Чернобил

Трагедиите обвиткани со мистерии и легенди секогаш изгледаат пострашни од реалните. Таков е случајот и со Островот на куклите, сместен во каналот Сочимико, јужно од Мексико Сити.

Овој остров претставува сведоштво за прерано завршениот живот на едно девојче, барем така вели легендата. Девојчето се удавило, а приказната ја направила оваа дестинација популарна меѓу поклониците на мрачниот туризам. Она што го прави местото особено морничаво се бројните кукли закачени на дрвјата како симбол на духот на девојчето кое се удавило во каналот.

Instagram

Пред да се случи оваа трагедија, островот бил сопственост на Дон Хулијан Сантана Барера. Според локалните кажувања, токму тој го нашол телото на мртвото девојче на брегот, а подоцна и нејзината кукла. Сантана и претходно закачувал играчки, односно кукли на островот за да ги истера злите духови. Кога ја нашол куклата ја закачил и неа во знак на почитување на духот на девојчето.

За жал, се случило токму спротивното. Легендата вели дека духот на девојчето ги опседнал куклите, па наводно може да се види како им се отвораат очите и им се мрдаат главите. Сантана почнал да слуша гласови и да гледа траги од стапала. Обземен од страв, тој почнал да закачува уште повеќе кукли.

Instagram

Во 1987 година била спроведена еко-туристичка акција на островот и било откриено дека островот е прекриен со вирови. Наредните години, а особено по 2001 г. кога починал Дон Сантана, местото го добило епитетот најатрактивна мрачна локација во Мексико.

Сантана е пронајден мртов на истото место на кое било најдено и телото девојчето, а причината била срцев удар.

Instagram

Локалците велат дека местото е маѓепсано, а не проклето. Иако природата што го опкружува островот е преубава – лавиринти од канали, бујно зеленило и тропски птици, кај туристите преовладува впечатокот на ужас и сцени од хорор филм.

Instagram

До островот може да се стигне со трахинери, мексикански речни бродови, а во екскурзијата е вклучена и посета на малиот музеј со исечоци од локалните весници за островот и Дон Сантана. Во музејот има работилница и три простории, меѓу кои едната е спална соба во која се наоѓа првата кукла на Дон Сантана, како и Агустинита, неговата омилена кукла.

Во секој случај, оваа локација, исто како Чернобил, не престанува да привлекува туристи од сите страни на светот.

Instagram

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....