19:03 - 12 ноември, 2026

(Фото) Додека медиумите ја разведуваат: Ана Ивановиќ ги „запали“ социјалните мрежи во провокативен костим за капење

Германските медиуми веќе со недели пишуваат за разводот на Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швејнштејгер, а двојката сè уште не објавила ништо за тоа.

Сепак, Ана стана исклучително активна на Инстаграм, каде што споделува моменти од своето секојдневие. Овој пат, таа објави серија фотографии од плажа, облечена во смел црн костим за капење со процепи.

Овој летен излгед го комплетираше со накит, ланчиња од Сваровски. Иако има милиони, Ана избра парче кое чини само 100 евра, што воодушеви многумина. Меѓу симболите на ланчињата има млада месечина, ѕвезда, но и симболот на око против уроци, за кој се верува дека го штити човекот од магии и негативни енергии.

„Рај – Сеќавања на ова прекрасно време поминато на Маврициус!“, напиша таа покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Да ве потсетиме, Ана и Бастијан се венчаа на 12 јули 2016 година. Тие се венчаа во градското собрание на Венеција, а истиот ден ги обновија своите завети пред Бога, во црквата Абазија дела Мисерикордија, една од најстарите цркви во овој романтичен италијански град. Во бракот добија три сина.

Слични објави

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо
Се вчитува....