6.8 C
Скопје
08:55 - 1 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез со нов изглед: Ни Бен не би ја препознал

Џенифер Лопез го откри својот нов изглед преку социјалните мрежи. Познатата пејачка се одлучи за промена на фризурата – шишки во преден план и степенасто потсрижана коса со нежни бранови, идеална за летните денови.

Фотографијата постирана на Инстаграм беше придружена со текст „Bang bang“ , но Џеј Ло ги означи нејзиниот стилист Лоренцо Мартин и нејзиниот бренд за нега на кожа, JLo Beauty. Реакциите од нејзините следбеници беа позитивни за радикалната промена на изгледот Џенифер.

Подготовката за нејзиниот следен албум „Ова сум јас…“ се одвиваат во целосна дискреција и тајност, црпејќи инспирација од нејзината љубовна приказна со Бен Афлек.

„Пред 20 години се заљубив во љубовта на мојот живот. Работев на албумот наречен „Ова сум јас… Тогаш“ и се беше направено за да го овековечам тој момент во времето“, изјави Лопез.

„Сега се случи најневеројатното. Причината поради која сме тука е затоа што сакам да го овековечам овој момент во времето, а тој е уште подобар од првиот пат“, додаде ѕвездата.

„Ова сум јас… Сега“ доаѓа девет години по нејзиниот последен албум „А.К.А“ (2014). Сепак, уметницата оттогаш не е без работа, напротив, активна е на различни полиња. Таа продолжи да издава синглови и соработки со други уметници како „El mismo Sol“ со Алваро Солер, „Try me“ со Џејсон Деруло, „Se acabó el amor“ со Абрахам Матео и „Te boe II“ со Каспер Магико.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....