16.8 C
Скопје
08:31 - 22 септември, 2026

(Видео) Џејла Рамовиќ објави видео со мистериозен маж: Сите се прашуваат дали е тоа Јаков Јозиновиќ…

Младата пејачка од Босна и Херцеговина, Џејла Рамовиќ, повторно ги разгоре гласините за својот љубовен живот. Џејла објавила видео како во друштво на мистериозен маж се вози на мотор со зајдисонце и поглед на морето. Лицето на мажот останало целосно скриено од камерата, но и тоа било доволно за да предизвика лавина од коментари и љубопитни прашања во коментарите на видеото.

 

@dzejlar♬ Rijeka snova Neno Belan – crnooka

Очекувано, објавата се прошири многу брзо на социјалните мрежи, а коментарите под видеото беа полни со разни теории и претпоставки од нејзините обожаватели. Додека некои се обидувале да откријат со кого пејачката се возела на мотор, други се забавувале погодувајќи ја вистинската позадина на целата приказна. Еден од обожавателите на крајот открил дека станува збор за инфлуенсерот Марко Вулетиќ, инаку најдобар пријател на Џејла.

Да потсетиме, неодамна почнаа да кружат гласини за наводната романса помеѓу младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ, а сето тоа поради видео на кое Јаков се бакнува со непозната девојка на брод. Изгледот на девојката ги потсети фановите на Џејла, па заклучија дека двајцата се нов естраден. Ниту еден од нив официјално не ги потврди овие наводи, а наместо директни одговори, младата пејачка сè уште вешто ја штити својата приватност и редовно ја поттикнува имагинацијата и љубопитноста на голема публика со своите постапки на мрежите.

Слични објави

(Фото) Мартија Станојковиќ како од бајка — блесна во небесносин фустан на свадбена прослава

Еспресо

Хороскоп за 22 септември: Биковите ќе имаат контрола над партнерот, Раковите ќе се посветат на семејството

Еспресо

(Видео) Македонката Тамара издоминира на „Ѕвездите на Гранд“, жирито остана без зборови

Еспресо

„Бев оставена на подот да искрвавам“: Јована Јеремиќ „удри“ по поранешниот Драган Станковиќ, сака да му се одмазди

Еспресо

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Еспресо

Некогаш немаа многу, денес заедно во Лондон: Слаткар отпатува со брат му Стефан

Еспресо
Се вчитува....