14.8 C
Скопје
14:29 - 17 март, 2026

(Фото) Дамата во црвено од Финска ја занеме Владата на Ковачевски; што значи црвената боја за Сана Марин која често ја носи

Одамна не сме имале толку убава гостинка, згора на тоа – облечена во фустан во силна црвена нијанса, избор што отскокнува од класичните и строги модни изгледи на мнозинството од жените од политичкиот свет. Но, Сана Марин притигна во Скопје, пречекана пред Владата од премиерот Ковачевски, во издание кое, веројатно, само за малкумина (на пример, за оние кои ја „следат“ на социјалната мрежа Инстаграм) беше очекувано. Со лесна насмевка на лицето, пуштена кафена коса, многу малку шминка на лицето и речиси без накит.

И кога зборува, нејзиното лице е сериозно, но неутрално, ја отсликува нејзината прочуена реченица од почетокот на нејзиниот мандат, 2019, како најмлада претседателка на Влада, дојдена на чело на Финска кога во државата се закануваа штрајкови, „никогаш не сум размислувала за мојата возраст или мојот пол. Размислувам само за прашањата што ме натераа да се вклучам во политиката“. Овие прашања ја држат „во црвено-зелениот дел од партиското поле“, како што таа го нарекува, повеќе од една деценија. Од подмладокот на Социјалдемократската партија (СДП), преку општинската власт, до нејзиниот мандат како министерка за транспорт и врски, а потоа како премиерка, Марин  отсекогаш се идентификувала со СДП и нејзината потписна боја, црвената.

Еве го и црвениот фустан со благ Ве-израз и миди должина, украсен со тенок ремен, истиот со кој се огласи од пултот на СДП во 2017 година.

фото – влада.мк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

И тој не е единствениот. Од нејзините први четири објави на Инстаграм во 2014 година, на три е облечена во црвено. Подоцна, фустан во црвена нијанса таа носеше и за да ги објави социјалните реформи во буџетот за 2020 година, но и на приемот на Финскиот Ден на независноста во Претседателската палата на 6 декември 2019. Во меѓувреме, црвен фустан со џебови, црвена маичка, црвени марами…

Пред нејзините први парламентарни избори во 2015 година, Марин твитна фотографија на која „позира“ во црвени гумени чизми Лакост, за кои подоцна изјави дека ги купила на распродажба години пред тоа, во стоковната куќа Сокос во Тампере (град во јужна Финска).

Таа ги нарече „бојата на мојата идеја“.

Ако се погледне повнимателно во нејзиниот гардеробер, кој е свесно скроен, се забележува дека нејзините аутфити се всушност колекција од претходно носени парчиња. За лидерка со агенда за социјални реформи и климатски промени, ова е особено интересно и важно. Свесни или несвесни, постапките на Марин се знак за „бавна мода“.

влада.мк
влада.мк
влада.мк

„бојата на мојата идеја“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

 

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....