23:28 - 5 април, 2026

(Фото) Цеца воодушевена од подарокот кој чини само 60 денари! Еве кој толку многу ја израдувал

Познатите личности генерално живеат во изобилство, па се навикнати на скапи подароци и гламур, меѓутоа, честопати се изненадени и среќни од едноставни подароци.

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ исто така многу се израдувала поради необичниот подарок. Имено, таа добила шише пиво украсено со цвеќе како подарок во текот на снимањето на српскиот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, каде воедно е членка на жирито.

Таа не го криела своето воодушевување за оригиналниот подарок од 60 дeнари, а оваа објава ги насмеала нејзините следбеници на Инстаграм.

 

Цеца открила и кој ѝ го приредил овој необичен знак на внимание.

– Ги обожавам момчињата од техниката на „Ѕвездите на Гранд“! Одличен подарок! – напишала Ражнатовиќ и на тоа додала емотикон кој плаче од смеење, па нема сомнение дека овој подарок многу ја насмеал.

Инаку, Цеца еднаш истакнала дека не може да поднесе ароганција, но и дека мрази лажна скромност.

– Мислам дека не постои жена која не сака гламур, дури ниту маж. Ако нешто мразам, тоа се лажно скромните луѓе. Не познавам никој кој сака да работи за минималец. Не паѓам на тоа, скромноста е доблест, но не треба да се однесуваш арогантно, тоа е нешто друго, бидејќи никогаш не сум била арогантна и никогаш не сум мавтала со леб пред очи на гладен – рекла Цеца во „Премиера“ во една пригода.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....