11.8 C
Скопје
10:42 - 28 октомври, 2026

(Фото) Прва фотографија на најубавата српска водителка со ќеркичката: Ја однела на концерт, двете уживале

Српската водителка Марија Килибарда се породи во октомври минатата година и ја доби ќерката Сења.

Иако не сака да објавува фотографии од наследничката на социјалните мрежи, ниту пак, јавно да ја експонира, Марија Килибарда сега направи исклучок и објави пост на која се гледа како ја држи Сења в раце.

Водителката ја однела наследничката на концерт во Филхармонија за најмладите и во таа пригода рекла колку ќерка ѝ уживала во класичната музика.

– Прекрасно искуство. Најубавите концерти за нашите најмлади. Со нетрпение го очекуваме новиот, септемврискиот циклус – напишала водителката, откривајќи колку двете уживале во него.

Свекрвата на Марија, познатата српска актерка Љиљана Драгутиновиќ, се огласи за „Блиц“ откако доби внука.

„Мајката е добро, бебето е добро, се слушнав со Марија. Сè е супер! Имаше солзи радосници, пресреќни сме“, рекла Љиљана за „Блиц“ и открила дека веќе почнале да слават во семејниот дом по повод приновата.

Инаку, Марија Килибарда е во хармонична врска со Бане веќе четири години.

Бранислав никогаш не се експонирал јавно, па на профилот на Марија само понекогаш можете да видите нивна заедничка фотографија.

Килибарда во неколку наврати истакна дека токму тој е нејзин најголем поддржувач.

 

 

 

Слични објави

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо
Се вчитува....