01:26 - 10 јануари, 2026

(Фото) Цеца ги спакува куферите и замина за Кипар, еве кој ѝ прави друштво: Пејачката има луксузна вила од 600 квадрати веднаш покрај море

Српската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ заминала на Кипар каде има луксузна вила за да ги наполни батериите.

Таа на својот профил на Инстаграм се огласи од одморот и покажа како ужива во женското друштво на море. Друштво на Цеца на патувањето ѝ прави нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, а на медитеранскиот остров се најдоа со кумите и пријателите на пејачката.

Инаку, познато е дека Ражнатовиќ од 2006 година има луксузна вила покрај море во Аја Напа, која се простира на 600 метри квадратни и е вистински рај на земјата.

Луксузната вила на Цеца има огромен двор како и базен, а нејзиното соседство е преполно со богати луѓе.

– Имам ирански, кипарски и руски соседи со кои имам одлични односи. Тоа се остварени луѓе на кои мојата слава во Србија не им значи ништо. Во Аја Напа летото е прекрасно и сакам да одам таму кога ќе залади во Србија. Мирот што го имам во втората куќа ми е драгоцен – изјави претходно Цеца.

– Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам токму на брегот. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит. Да, куќата ја купив на кредит, кој нормално месечно го отплаќам – изјави Цеца во една прилика во „Амиџи шоу“.

(Видео) Се појави видео од скриена соба во вилата на Цеца на Дедиње: Јавноста досега не знаеше за тоа, ќе се изненадите за што служи

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....