3.8 C
Скопје
17:51 - 26 декември, 2025

(ФОТО) БРАВО МАРИЈА: Прилепчанката стопи 33 килограми, стана „РИБА ИПОЛ“

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ во пресрет на есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката, веганка и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента.

Елена е дипломиран инженер-технолог нутриционист, но има и бројни доедукации во областа на природната медицина, нутриционизмот и квалитет и безбедност на храна. Со еден збор, таа е нутриционист „пар екселанс“, или по „нашки“, експерт за храна без конкуренција.

А серијата што следува е „исповед“ за слабеење на некои од жените во кои Елена се вложила за да добијат фит-изглед.

Овојпат ѝ благодариме на Марија Коцеска од Прилеп што своето искуство го сподели со нас.

Марија пред и после

Марија смета дека поддршката од најблиските ѝ давало голема мотивација во текот на целиот процес на трансформација.

– Нејзин приоритет беше физичкиот изглед кој е најважен на нејзини години, но и свесноста за нездравиот начин на исхрана кој дотогаш го имаше. Предходно беше на брзи „интернет диети“ кои даваа само моментален резултат, а потоа килограмите се враќаат во многу поголем број, ни раскажува нутриционистката за случајот на Марија и додава:

– Одлуката да се обрати кај стручно лице беше поттикната од желбата за долготраен резултат и здрав начин на симнување на килограмите, како и промена на животните навики. Успеа со минус 28 килограми за три месеци, а денес, после 8 месеци има минус дури 33 килограми! Сега и сама научи како да ги комбинира и контролира порциите кои ги јаде, ни рече Елена за Марија.

приватна архива

Слични објави

Марија Шерифовиќ откри дека била нападната од обожавателка: „Ме зграпчи за вратот…“

Еспресо

(Фото) Со помош на вештачката интелигенција си направи дечко? Ава Карабатиќ ја откри вистината позади нејзините објави на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Каква е оваа љубов“: Цеца Ражнатовиќ објави фотографија од својот зет и внук од новогодишниот панаѓур во Белград

Еспресо

(Фото) Донатела Версаче ја покажа елката: Модната дизајнерка не разочара во изборот на декорацијата

apostolova

Диди Јанковиќ пие сок само од „Версаче“ чаша: „Специјална е, ја купив во Америка“

Еспресо

Разголена празнична честитка: Ивана Кнол го честиташе католичкиот Божиќ во костим за капење

Еспресо
Се вчитува....