13:53 - 1 април, 2026

(Фото) Богдана Ражнатовиќ го отстрани силиконот од усните: Зафатот го направи во тајност, еве како изгледа сега

Богдана Ражнатовиќ одлучи да направи голема промена во својот изглед. Како што дознава српски „Информер“, снаата на Цеца Ражнатовиќ неодамна посетила приватна клиника за естетска хирургија, каде што го отстранила вишокот хијалурон од усните.

 

Извори блиски до Богдана откриваат дека таа размислувала за овој чекор веќе извесно време, а сега конечно одлучила да се врати на поприродниот изглед.

– Богдана долго се двоумеше, но сфати дека сака да се врати во поприродна верзија од себе. Одењето во клиниката беше дискретно, а сè беше направено на највисоко ниво. Сега е многу задоволна од резултатите и вели дека се чувствува поубава и посамоуверена од кога било – изјавил добро информиран извор за „Информер“.

Резултатите, според зборовите на многумина, се фантастични – усните изгледаат многу посуптилно и поскладно со нејзиното лице, што ги воодушеви и корисниците на социјалните мрежи, но и луѓето од нејзиното најблиско опкружување.

Богдана премиерно го претстави својот нов изглед на прославата по повод првиот роденден на својот син Исаија, на која неодамна присуствуваа бројни членови на семејството и пријатели. Присутните веднаш ја забележаа промената и не штедеа комплименти за нејзиниот посвеж и поприроден изглед.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....