7.8 C
Скопје
20:28 - 1 април, 2026

(Фото) Бијонсе на „бесен“ одмор во Италија во друштво на милијардери: Ова се вика долче вита!

Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се „уловени“ на одмор во Италија, на Езерото Комо, сместени во „бесна“ вила. Папараците ги фотографирале додека уживале на балконот од вилата.

Одморот доаѓа во деновите на пауза на пејачката од светската турнеја „Ренесанса“. Моќниот пар се почести со релаксирачки викенд во најомилената дестинација на ѕвездите. Инаку, ова за нив не е првпат да одмораат токму тука, на Лаго ди Комо. Но, овојпат тие се гости на нивниот пријател Џек Дорси, ко-основач на Твитер и еден од најбогатите луѓе во светот (според Форбс неговиот личен имот изнесува 4,2 милијарди долари).

На фотографиите објавени од Дејли Меил кои ги обиколија социјалните мрежи, 41-годишната пејачка се релаксира на панорамскиот балкон на прекрасната вила со поглед на езерото во друштво на нејзиниот сопруг Џеј Зи, Дорси и група пријатели. Раперот и претприемач потоа бил забележан на јахта, а судејќи по насмевките изгледа дека особено уживал во возењето низ езерото.

Којзнае дали нашле време да се сретнат со најпознатите граѓани на Комо, Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал или да организираат обиколка и разгледување на најубавите куќи кои се на продажба.

Како што потсетува Architectural Digest, Џеј Зи и Бијонсе поседувале куќи во Њујорк, Њу Орлеанс, Хемптонс, Мајами Бич и Лос Анџелес од нивната венчавка во 2008 година, а последниот „шопинг“ на имот ги освои сите насловни страници на светските таблоиди. Имено, двојката штотуку купила дворец, поточно мега-замок во Малибу со поглед на Тихиот Океан во областа наречена Ред на милијардери, за 200 милиони долари, што го прави најскапиот дом некогаш продаден во државата Калифорнија и втор најскап во Соединети Држави.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....