7.8 C
Скопје
23:41 - 31 март, 2026

(Фото) Ана Николиќ направи хаос во кафеана: Пееше со Весна Змијанац, па се искара со дечко ѝ

Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот дечко, композиторот Горан Ратковиќ Рале, синоќа одлично се забавуваа на настапот на Весна Змијанац во ресторан во Белград.

Тие двајца цело време биле среќни и разменувале нежности, а Ана била целосно обземена од емоции. Таа толку многу уживала што не сакала да ја напушти забавата, па дури и запеа со Весна.

А, како што пренесуваат српските медиуми Рале сакал да си одат дома, додека Ана била решена да остане подолго. По кратка дискусија, Рале ја убедил Ана да си оди и парот заедно го напуштиле настапот на Весна.

Инаку, на Ана и Рале не им се непознати расправиите, но и покрај тоа нивната љубов опстојува, а неодамна најавија дека годинава ќе застанат пред матичар.

– Најверојатно ќе се венчаме на Видовдан. Не зборувавме многу за меден месец, тој е прилично „ад хок“ за нас. Веројатно ќе одиме кај неа во Доња Мутница, барем таму да ја искосиме тревата и барем се да средиме – изјавил неодамна Рале за Информер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....