7.8 C
Скопје
10:36 - 1 април, 2026

(Фото) Ах, каква Барби: Хали Бери во секси Барби стил го прослави роденденот

Актерката Хали Бери го прослави својот роденден со забава на тема Барби.

На 14 август, Хали Бери го прослави својот 57-ми роденден, а сега ги сподели фотографиите од забавата со своите бројни следбеници на Инстаграм.

Актерката им објасни на следбениците дека за роденденот, нејзиниот сопруг Ван Хант и ќерката Нала ја однеле во Светскиот музеј на Барби во Лос Анџелес. За таа прилика, мајката и ќерката носеа облека на тема барбикор.

Хали Бери се одлучи за бледо розов мини фустан украсен со пердуви на горниот дел во комбинација со секси каубојски чизми секако во розова нијанса со штрас и шарена чанта во форма на срце. 15-годишната Нала беше облечена во розов сатенски мини фустан со корсет и волуменозно здолниште од тул и соодветни сандали со висока платформа.

„Моето мини-јас (иако веќе не толку мини!) и моjот Ван ме однесоа во светот на Барби за мојот роденден! Ја пуштив мојата внатрешна Барби надвор! Ве сакам дечки, ви благодарам “, напиша актерката на објавените фотографии.

инстаграм

Хали Бери и музичарот Ван Хант почнаа да се забавуваат во 2020 година, а тајно се венчаа две години подоцна. Пред да го запознае Хант, актерката имаше афера со моделот Габриел Обри, а во врската ја роди ќерката Нала. Хали Бери беше во брак со актерот Оливие Мартинез од 2013 до 2016 година. Во брак со него, актерката го роди синот Мартинез.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....