09:43 - 13 ноември, 2026

(Фото) Адријана Лима со дарежливо деколте никогаш посензуална во Кан: Со килограми повеќе ги маѓепса сите

Продолжува 76-тото издание на Канскиот филмски фестивал, еден од најочекуваните општествени настани во светот на кинематографијата кој секоја година прикажува десетици филмови со светска премиера.

Завчера беше на ред премиерата на „Индијана Џонс“ со Харисон Форд, кое е насловено „Indiana Jones And The Dial Of Destiny’ и филмот беше прикажан за прв пат токму во Кан. Црвениот тепих беше преполн од ѕвезди, а по топ моделката Карли Клос во издание на божицата, пристигна и моделката Адријана Лима (поранешен ангел на Викторија сикрет) да ја прослави убавината на мајчинството. Лима стана мајка по трет пат пред неполна година, но, и покрај тоа, веќе му се врати на јавниот живот и тоа го направи со стил.

Минатата година Адријана Лима присуствуваше на Канскиот филмски фестивал со труднички стомак, а сега се врати, но во ново мајчинско издание.

Таа добро знае дека нејзиното тело е променето, сепак, таа блесна со цела женственост и мајчинска сензуалност во прекрасна креација – тесен сирена фустан од Тамара Ралф (австралиска модна дизајнерка која е поранешен креативен директор и ко-основач на луксузната модна марка Ralph & Russo).

Фустанот е тотално црн со дарежливо деколте без прерамки и силуета која е прилагодена на нејзиното женствено тело, но она што го прави фустанот впечатлив е светло жолтата лента која започнува од колкот, поминува преку рамото и преминува во макси ‘воз’ со машна на грбот.

За заокружување на изгледот, тука се софистицираните и гламурозни детали. Адријана Лима го искомбинира фустанот со пар чевли од Џими Чу и блескав дијамантски накит од Шопард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

„Се чувствувам авантуристички и гламурозно“, напиша новопечената мајка на социјалните мрежи.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....