5.8 C
Скопје
22:37 - 3 март, 2026

(Фото) Ацо Пејовиќ живее во вила вредна 800.000 евра: Пејачот е сопственик на еден од најскапите имоти во Белград

Ацо Пејовиќ важи за еден од најплатените пејачи на регионалната сцена, а неговата вила во Белград е проценета на 800.000 евра. Тој на своето семејство успеал да му обезбеди луксузен живот.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ во една прилика ја снимила неговата куќа, а се шпекулира дека вреди околу 800.000 евра.

Куќата има огромен двор, а бидејќи пејачот не објавува приватни фотографии на социјалните мрежи, никој не знае како е уреден ентериерот.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Пред неколку години тој и неговото семејство поминале низ многу тежок период, кога сопругата Билјана била на работ на смртта и никогаш нема да ја заборави драмата што ја доживеале тогаш како семејство.

– Билјана беше здрава жена, никогаш немала никакви проблеми, не ни знаела дека ги има овие аневризми. Тоа е како балон што се формира на крвен сад, го имала вродено, а два на очните аорти. Три дена се жалеше дека ја боли главата, но ништо поразлично од вообичаеното. Тој ден таа само колабираше во амфитеатарот пред студентите додека држеше предавање, а тие веднаш ја однесоа во Ургентниот центар – рече Ацо и продолжи:

– Секогаш ќе го паметам тоа чекање таму додека таа лежи на масата. Тие грди сцени што човек треба да ги гледа, како на секои половина час вадат тело во црни вреќи, само седиш и чекаш и ти поминува низ глава дека докторот ќе излезе и ќе ти каже „тоа е тоа“. Потоа се јавив, бидејќи имам многу пријатели доктори со кои се дружам и веднаш ми пријдоа на помош. Додуша млада докторка ме прими, тогаш не ни знаев што се аневризми, млада беше, па ми изгледаше неискусно, но не ја обвинувам. Рече, ако не знаела што да прави ќе ја оставила да ја следи до утрото, што би било 100 отсто фатално за неа, бидејќи морала веднаш да се оперира. Еден од 1000 преживува, кога ќе пукне аневризмата, така ми кажаа подоцна. Потоа дојде мојот пријател и доктор Зоран и набрзина ја префрлија на неврохирургија и доктор Тасиќ тоа го прифати и денес како брат му сум благодарен. Се се случува во 12 навечер – се присети Ацо.

Слични објави

„Денес ќе дознам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

E.A.

„Целосно ја истрижав косата, а тој…“: Карлеуша низ солзи за Поповиќ кој ѝ помогнал по смртта на нејзината мајка

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ го напуштила ресторанот кога се појавила Нада Топчагиќ?! Не се поздравиле поради фотографијата на која се топлес

Еспресо

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Еспресо

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Еспресо
Се вчитува....