2.8 C
Скопје
01:57 - 15 март, 2026

Финалниот дуел ќе биде меѓу Лиз Трас и Риши Сунак за трката на Даунинг стрит; Џонсон: „аста ла виста, бејби“

По оставката дадена на 7 јули од скандализираниот Борис Џонсон, сега е извесно дека британската влада за прв пат ќе биде предводена од маж со афро-индиско потекло, или по трет пат од жена.

Во Велика Британија се води трката за нов лидер на Конзервативната партија, на местото на Борис Џонсон. Во трката останаа поранешниот министер за финансии Риши Сунак и министерката за надворешни работи Лиз Труа, кои воедно се кандидати и за иден британски премиер. Ова беше утврдено со петтото и последно гласање спроведено денеска меѓу пратениците на мнозинската партија со елиминацијата на поранешната министерка за одбрана Пени Мордоунт, претекната од Трас на второто место зад поранешниот министер за финансии, кој ја задржа првата позиција.

Резултатите беа соопштени од претседателот на „Комитетот од 1922 година“, изборното тело во рамките на конзервативната група во Долниот дом, Греам Брејди: Сунак доби 137 гласа, Трас 113 и Мордаунт 105.

По оставката дадена на 7 јули од скандализираниот Борис Џонсон, сега е извесно дека британската влада за прв пат ќе биде предводена од маж со афро-индиско потекло, или по трет пат од жена.

„Ви благодарам што ми ја дадовте довербата“, напишала Лиз Трас на Твитер. Во својот последен говор во Парламентот како премиер, Борис Џонсон ги поздрави пратениците цитирајќи го Терминатор: „hasta la vista, бејби“ и даде совет за оние што го наследуваат: „Останете блиску до Американците, поддржете ги Украинците, борете се за слобода и демократија.  Намалете ги даноците и дерегулирајте каде можете за да ја направите оваа земја најдобро место за живеење и инвестирање“, пренесува раињуз.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....