7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

Еве колку милиони евра заработи Александра Пријовиќ на турнејата! Одржала 63 концерти, од сумата ќе ви се сврти во главата

За време на турнејата „Од исток до запад“, Александра Пријовиќ од септември минатата година до декември годинава одржала дури 63 концерти и станала милионерка.

Александра Пријовиќ на турнејата „Од исток до запад“ заработила дури 1.890.000 евра, дознава српски „Информер“!

– Александра успеа да ја покори целата естрада! Зад себе има сериозен тим кој води сметка и за најситните детали и токму затоа успехот беше неизбежен. Вложила многу, но многу и заработи – за „Информер“ раскажал еден естраден менаџер, кој инсистирал на анонимност и открил колку пари на крајот „ставила во џеб“ фолк ѕвездата:

– Прија за настапи наплаќа и до 80.000 евра. Одржа 63 концерти, но не одат сите пари кај неа. Во текот на целата турнеја ја придружуваше голем тим, составен од музичари, менаџери, шминкери, фризери, стилисти, танчари… Кога ги исплатила сите нив, во просек по концерт заработила по 30.000 евра. Па така, на крајот заработила вкупно 1.890.000 евра!

Изворот за „Информер“ нагласува дека интересот по младата фолк ѕвезда не престанува.

– Ниту по турнејата која траеше 15 месеци, публиката не се засити од Прија. Таа е неприкосновена на пазарот, а сопствениците на клубови и на најистакнатите локали и понатаму не штедат пари за да настапи во нивниот објект – вели менаџерот.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ ја започна турнејата „Од исток до запад“ на 28 септември 2023 година во белградска арена, по објавувањето на вториот студиски албум „Девет животи“.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....