6.8 C
Скопје
08:56 - 11 март, 2026

Евакуирани 260 војници од Азовстал, ќе има размена на затвореници; Дожд од проектили над Лавов

Од нив 53 се тешко повредени, околу 350 војници на Азов останале во челичарницата. Дожд од проектили ноќеска над Лавов.

Нема примирје во Украина, војната продолжува и минатата вечер Русите го нападнаа Лавов, градот на границата со Полска на крајниот запад од земјата. Ова е најмасовниот ракетен напад од почетокот на конфликтот – објавија украинските медиуми.

Војниците кои ја бранеа челичарница како последно украинско упориште во градот Мариупол, ја прогласија мисијата за завршена, откако повеќе од 260 од нив, вклучително и некои тешко ранети, беа евакуирани и одведени во областите под руска контрола.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека евакуацијата на територијата контролирана од сепаратистите била направена за да се спасат животите на борците кои издржале недели на напади во лавиринтот на подземните премини под челичарницата Азовстал.

„На Украина ѝ требаат живи херои“, продолжи Зеленски, „Потребно е време да се вратат дома“.

Во моментов не е јасно колку војници од Азовскиот полк се оставени и чекаат помош, и дали ќе има напад од страна на Русите.

 

Слични објави

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....