8.8 C
Скопје
20:58 - 30 март, 2026

Ера Ојданиќ откри детали од сексуалниот живот со 43 години помладата девојка: Ја будам со мед среде ноќ

Фолкерот Ера Ојданиќ неодамна ја шокираше јавноста со признанието дека е во врска со девојка која е дури 43 години помлада од него. Сега тој раскажа интимни детали за нивната врска, откривајќи како изгледаат нивните утра.

Ера истакнува дека е многу романтичен и дека секое утро ѝ прави кафе на саканата. Моментот на будењето го опишува како изненадување за својата партнерка, со чист домашен мед, ладна вода и кафе, со нежни зборови. Тој додава дека верува дека вистинската убавина на жената може да се види наутро по бурната ноќ, нагласувајќи дека ја обожава жената кога е природно разбушавена и без шминка.

– Зошто да не. Додека таа е во лудило на бурна ноќ, ја изненадувам со чист домашен мед, ладна вода, кафе и ѝ велам „Маче мое, разбуди се“, а таа е како „Што ти е? И јас ѝ велам „Види кој те гледа будало, дали си нормална?“. А таа е така разбушавена, знаеш… – изјави Ера и додаде дека сета убавина на жената се гледа наутро по бурната ноќ.

– Обожавам жена кога е природно разбушавена наутро. Секој шарм и убавина го гледате наутро кога ќе ја разбудите. А кога ќе ја видите бушава, неисчешлана, и уште ако имало љубовно лудило и без шминка, жената изгледа одлично – истакна Ера.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....