14:57 - 5 декември, 2025

ЕМОТИВНО СО ВИКТОРИЈА ДАВИДОВА: По комата, живеам втор живот благодарение на мотото – Можам, морам и ќе успеам!

Животот понекогаш може да биде непредвидлив и да ве исфрли настрана од патот. Тие моменти за некого можат да бидат погубни, за некого нова пресвртница. Затоа ве запознаваме со Викторија Давидова, која има навистина инспиративна животна приказна.

– На 13 годишна возраст доживеав тешка сообраќајна несреќа. Бев 3 месеци во кома, кога ги отворив очите во болница, околу мене беше моето семејство, мојата најголема подршка. Бев долго време во количка, но благодарение на мојата упорност и физикална терапија успеав да станам – раскажува Викторија.

Токму пред нејзината полуматура, се здобила со тешки повреди. Но не се откажала, успеала да стане од количка и повторно да оди.

– Секој чекор во животот е борба, никогаш не смееме да се откажеме. Ако паднеме пак ќе станеме.

По 3 месеци поминати во кома Викторија, по будењето го загубила своето минато и сеќавања. Не ги препознавала ниту најблиските.

– Со слики, раскажување и разговори со моите родители и мојот брат успеав да се сетам која сум и каде припаѓам. Си го вратив животот назад. Се борев и успеав – вели Викторија.

Животот ѝ се променил комплетно, почнала повторно да учи за себе, но и за животот.

– Бев одлична ученичка и првенец на генерација. Тренирав кошарка и бев добра во тоа. Ме одбраа да играм за репрезентација. На мои 9 години бев и во Златибор да играм.

Упорноста, желбата за живот и подршката од најблиските за Викторија значеле многу за таа да се избори за својот живот.

– Без оглед што бев во количка, успеав, го надминав тоа. Но ништо без подршката од моите, посебно од мајка ми која бдееше над мене, дење и ноќе. Кога одев на терапии, таа беше со мене. Додека бев во инвалидската количка, моето мото беше : Можам, морам и ќе успеам! Така постигнав сè  – ни раскажува Викторија.

Пред несреќата многу сакала да учи медицина и да им помага на луѓето. Сега пишува песни и преведува од англиски јазик. Таа доаѓа во Дневниот центар ,, Пролет ” откако е отворен и им помага на другите корисници, бидејќи има помалку попречености.

– Дома сè сама си работам. Сама правам се затоа што знам дека е за мене и за мое добро. Доаѓам во центарот и тука помагам. Имаме вежби, имаме тема која што ќе ја работиме, сите сме си заедно. Малку е еден ваков центар да има, треба да има повеќе. Тука сите си споделуваме се, и кога ни е тешко и кога сме среќни. Како едно семејство сме. Цртаме, пееме, танцуваме…

Некогаш еден збор е доволен за да ве крене од пепелта и повторно да ве врати во живот, борејки се за своите права, борејки се за себе. Викторија го направила тоа можела , морала и успеала да продолжи со животот заедно со своите најмили и најблиски.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо
Се вчитува....