09:37 - 2 април, 2025

Емотивна исповед на Данијела Мартиновиќ: Не му роди дете на Грашо, но тој ѝ го зеде сонуваното име за девојченце

Две и пол години се зборува и пишува за Петар Грашо и неговата одлука да започне романса со многу помладата убавица, ќерката (Хана) на неговиот пријател Тончи Хуљиќ, по раскинувањето со Данијела Мартиновиќ. Фановите на Данијела го окарактеризираа Грашо како лошо момче кое ја напушти својата сакана по две и пол децении планирање на иднината и тоа од интерес – Хана да му роди дете, зашто Данијела не успеа.

Кој кого всушност оставил, кои се причините за раскинувањето, јавноста најверојатно никогаш нема да дознае, но дел од тоа што се случило меѓу поранешните љубовници, пред раскинувањето, може да се заклучи врз основа на текстот во кој е испишана исповед на Данијела Мартиновиќ.

Поп ѕвездата тогаш пишуваше за нејзината желба и желбата на Грашо да се реализираат како родители.

– Навистина тоа е моментно најголемата желба во мојот живот. Вистински се надеваме дека многу бргу ќе се радуваме. Син ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојченце имаме две имиња, или Луче, интересно, сосема се дијаметрално различни па луѓето може да се изненандат. Луче зашто е вистинско далматинско име и мојата покојна баба се викаше Луче, но кога го слушнав името Алба, останав воодушевена зашто Алба на италијански значи Зора, па така името е повеќезначајно, и убаво и необично.

Но судбината направи пресврт. Петар Грашо после две децении љубов со колешката Данијела, основаше семејство со Хана (ќерката на Тончи Хуљиќ) која е 15 години помлада, а ќерката која им се роди ја крстија токму – Алба.

 

Слични објави

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо
Се вчитува....