13:23 - 3 април, 2026

Емина Јаховиќ откри дека има проблем: Моите деца се Турци, но помалиот син одбива да зборува српски

Пејачката Емина Јаховиќ пред пет години се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал, со кој ги има синовите Јаман и Јавуз, а потоа имаше несогласувања околу неисплатената алиментација. Синовите на Емина Јаховиќ се во тежок период од животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

– Моите деца сакаат веднаш да имаат свои деца иако имаат 11 и 15 години. Посебно Јаман, сега е во пубертет. Не е лесно, бидејќи во мојата куќа морам да бидам и татко и мајка. Во срцето ги чувствувам жените кои се самохрани мајки – изјави неодамна Емина и истакна дека најважно ѝ е децата да бидат добри луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

– Ги упатувам моите деца прво да веруваат во Бог. Тоа ми е најважно. Да знаат од каде дошле и од една и од друга страна и да бидат добри луѓе. Ништо друго не ми е важно. Сигурна сум дека имаат добро срце и душа – изјавила пејачката која најдобро се чувствува во својата татковина.

– Тука се чувствувам подобро. Таму се чувствувам како странец, иако моите деца се Турци. Јаман зборува српски, а Јавуз поради некоја причина одбива, веројатно е љубоморен, па го имаме тој проблем – изјавила таа во емисијата „Гоца шоу“.

-Ми пречи што во Србија велат дека сум нашла милионер, милијардер. Навистина ми пречи, заработив доволно во животот за да можам да купам сѐ што ми треба и не ми треба маж да ми даде нешто, се чувствувам емотивно безбедно – вели пејачката.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....