12.8 C
Скопје
18:02 - 3 април, 2026

Емина Јаховиќ откри дали е во љубовна врска: Ќе знаете сѐ кога ќе треба

Емина Јаховиќ во ново интервју откри дали има ново момче. Како што е познато, турските медиуми на почетокот на минатата година ја поврзуваа со финансискиот советник Курт Даниел Сантеј.

Имено, таа изјавила дека моментално е сингл и дека нема да се крие од јавноста кога е во врска.

„Немам дечко во моментов затоа што сум фокусирана на моите деца. Кога треба да се случи, тоа ќе се случи. Дури и малку се пензионирав. Имав некои повреди. Пишав за тоа, така што, ќе знаете сѐ кога ќе треба“, рече таа во емисијата „Ексклузив“.

Пејачката беше во брак со Мустафа Сандал од 2008 до 2018 година. Тие ги имаат синовите Јаман и Јавуз. Минатата година Емина го тужеше Мустафа за наводно неплаќање алиментација. Таа исто така тврдеше дека ги запоставил децата откако се оженил со Мелиса Сутсуруп.

Во новото интервју таа се осврна и на фактот дека нејзиниот син Јаман решил да се впушти во музичките води. Неодамна ја објави својата прва песна со наслов „Yaklas yanima“ („Дојди поблиску“).

„Немав поим што прави и дека се занимава со музика на овој начин, не затоа што јас не бев вклучена во животот на мојот син, туку затоа што тој беше во својата соба и работеше на тоа и не излегуваше. Видов дека прави добри работи“, рече таа.

Слични објави

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.
Се вчитува....