08:38 - 1 март, 2026

Електричен „јагуар“ за НИКОЛ ПЕЛЦ и БРУКЛИН БЕКАМ од тато Дејвид во вредност од ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА

Бруклин Бекам и Никол Пелц сега имаат кабриолет со кој всушност пристигнаа на свадбата, а новото возило е слично на она на Хари и Меган.

Дејвид Бекам им подари на младенците најнов модел електричен Јагуар, потпирајќи се на компанија – чиј партнер е тој – која ги претвора старите автомобили во автомобили со нулта емисија: „Вреди половина милион долари“. И многумина забележаа неверојатна сличност со автомобилот што го користеа војводата од Сасекс за кралската венчавка: иста форма, а многу слична боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LUNAZ Design (@lunazdesign)

Прекрасниот светло син Jaguar XK140, кабриолет, со вредност – според експертите – од „половина милион долари“ (околу 458 илјади евра) датира од 1954 година, но сосема е реновиран и трансформиран во целосно електричен, благодарение на неодамнешната интервенција на Луназ Дизајн, англиска компанија која конвертира винтиџ каросерии во автомобили со нулта емисија, фирма каде поранешниот фудбалер поседува 10 проценти од минатото лето.

Така Дејвид и Викторија се појавија на приемот во автомобилот, а потоа им отстапија место на Бруклин и Никол.

Многумина не можеа а да не ја забележат впечатливата сличност со автомобилот што го користеа Хари и Меган по повод нивната кралска венчавка, пред четири години: и тој беше кабриолет, ист производител, слична боја. Тоа беше всушност Jaguar E-Type Zero од 1968 година, сребрено-син, но трансформиран во супер модерен.

Инаку и семејството Бекам и војводите од Сасекс ги обединува вниманието кон околината: и двата пара возеле целосно електрични автомобили со нулта емисија на нивниот најважен ден. „Овој прекрасен автомобил е совршен подарок за Бруклин и Никол“, изјавил Дејвид Лоренц, основач на Луназ Дизајн, зборувајќи за Дејли Меил. „Целосно електричен винтиџ автомобил е синоним светла и позитивна иднина“.

Слични објави

Хороскоп за 1 март: Овните започнуваат нов циклус, Рибите затвораат важно поглавје

Еспресо

Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со сопругот Петар Грашо

Е.А.

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо
Се вчитува....