3.8 C
Скопје
02:07 - 21 декември, 2024

Едноставни начини како да ја скротите анксиозноста пред да заминете на пат

Дали некогаш сте посакале да одите на некое подалечно патување, но сте се откажале од таквата идеја поради анксиозноста која како сенка ја влечете со вас? Но, анксиозноста, со текот на годините можете да научите да ја контролирате и полесно да се справите со неа. Поради тоа, наместо да се повлекувате и да се откажувате од своите сништа, преземете ги цврсто работите во свои раце и организирајте си едно незаборавно патување. Анксиозноста можеби ќе биде ваш сопатник, но направете претходни подготовки со кои воопшто нема да ја забележите.

Ви нудиме 5 начини со кои ќе се подготвите за пат околу светот, ослободувајќи се од стегите на анксиозноста.

Испланирајте си ја рутата

Патувањето е авантура. Никогаш не знаете со што точно ќе се соочите, но во тоа е и убавината. Токму во непредвидливите работи лежи стравот на луѓето со анксиозност. Каде планирате да одите? Ќе кампувате или ќе престојувате во хотел? Дали ќе патувате со автомобил, автобус, воз или ќе летнете до вашата дестинација? Има безброј начини да се патува, но она што вам ви е најважно е да си ја испланирате рутата на движење. Иако авантурата и спонтаноста во патувањето внесуваат дополнителна магија, доколку сте анксиозни подобро би било да си ги знаете главните точки на вашето движење за да го избегнете непотребниот стрес.

Исто така, на страна оставете си повеќе пари за неочекувани трошоци. И покрај тоа што си имате резервирано хотелска соба или друго сместување, секогаш со вас имајте мапа на потенцијални други хотели и хостели, каде би нашле алтернативно сместување, во случај да се појави непредвидлив проблем. Доколку одите со автомобил, пред вас ставете купче од мапи, за полесно да се снајдете по патиштата. Оние луѓе кои патат од претерано чести напади на паника, најдобро е да си понесат и листа со амбуланти и болници. Со тоа не само што ќе имате каде да се обратите за помош, туку и ќе се чувствувате побезбедно, па можеби нема да имате потреба од лекари. Имајте со вас скица на патувањето и „душата ќе ви биде на место“.

Направете си истражување

Каде одите? Во кои градови планирате да отседнете? Доколку добиете напад на паника, кому ќе се обратите? Ова се прашања чиишто одговори треба да ги знаете пред да заминете на патувањето од сништата, за тоа да не се претвори во патување од пеколот.

Денес, интернетот овозможува да дознаете речиси сè за местата кои сакате да ги посетите. Со неколку клика, ќе видите во каква состојба се градбите и патиштата, дали има доволно продавници и ресторани, какво е локалното население. Сето тоа се податоци кои повеќето луѓе сакаат да ги откриваат директно, кога ќе стигнат во местото. Но, бидејќи вашата состојба е малку поинаква, подобро би било да добиете реална слика за местата пред да стигнете до нив.

Понесете си листа со музиката која ја сакате

Музиката е одлична терапија. Направете си листа и понесете ги со вас музичките парчиња кои ве релаксираат, кои ве полнат со енергија, кои ви даваат сила да одите напред, па дури и такви кои ве заспиваат. Терапијата со музика има големо влијание за смирување на анксиозноста. Денешната технологија ни овозможува омилената музика да ја носиме секаде со нас. Исто така, додека имате подолго возење или летање, таа ќе ви биде верен пријател и ќе ве потсетува на некои убави моменти.

Бидете позитивни

Многу често луѓето кои патат од анксиозност знаат да мислат на лоши работи. Во својата глава проектираат мрачни сценарија и почнуваат да се чувствуваат како јунак во хорор филм. Што доколку се изгубам? Што ако нешто ми се попречи на патот? Што доколку изгубам нешто? Илјадници прашања со негативна позадина. Во таквите ситуации дишете длабоко и обидете се да се оттргнете од лошите мисли и да размислувате на убавите нешта кои ве очекуваат.

Мислете на неверојатните пејзажи што ќе ги видите, на позитивните и пријателски настроени луѓе кои ќе ги сретнете. Потсетете се дека имате можност да видите работи, кои многу луѓе не можат ниту во сон да си ги замислат. Уверете се дека ве очекува неверојатно возбудување од кое ќе научите многу. Не дозволувајте анксиозноста да ве повлече назад. Останете позитивни! Можно е тоа, иако анксиозноста знае силно да ве стресе и да ве наполни со стравови.

Потрудете се да уживате во сè што ве опкружува

Кога ќе стигнете на посакуваната дестинација, дајте си малку време да се прилагодите на новата средина. Доколку ја почувствувате вашата „сопатничка“ како почнува да беснее во вас, јавете се кај своите родители, кај блиските пријатели, читајте книга или слушајте музика. Правете ги нештата кои ги практикувате и дома. Но, не заборавајте да ја искористите новата средина и да уживате во неа. Без оглед дали сте во некој голем град, мало село, на море или на планина, има многу нешта околу вас кои можат да го привлечат вашето внимание, а со тоа анксиозноста да се повлече во длабок сон. Доколку ве обземат непријатни чувства, потсетете се дека за неколку дена се враќате дома, во вашето безбедно место. Затоа, создадете си безбедно место и на новата локација каде престојувате привремено.

Иако навистина знае да вознемирува и да биде здодевна, знајте дека не сте сами во светот на анксиозноста. Напротив, доколку се заинтересирате малку повеќе ќе дојдете до податоци кои говорат дека многу луѓе страдаат од анксиозноста, меѓу нив се и вашите роднини, пријатели, блиски луѓе. Затоа, не дозволувајте таа да ви ги скрати сништата, подгответе се и патот под нозе во нови авантури.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....