15.8 C
Скопје
12:07 - 11 март, 2026

Еден од најголемите хитови на Оливер Драгојевиќ, кој го отпеал само еднаш во животот, настанал за 30 секунди во такси

„А сад адио“ е култна песна на Оливер Драгојевиќ, а е создадена за ТВ серијата „Жежок ветар“.

„Се сеќавам како да беше вчера. Отидов во Дубровник. Режисерот Аца Ѓорѓевиќ и Синиша Павиќ ми кажаа отприлика каква треба да биде песната, да се почувствува жешкиот ветер. Пред тоа бев на одмор на Крит и веќе го почувствував. Брзо сфатив што сакаат. Тоа беше момент на инспирација кој многу едноставно го претворив во песна“, рече композиторот на песната, Војкан Борисављевиќ, кој, како што вели, ја „склепал“ песната во такси на пат кон аеродромот, за 30 секунди.

„Оливер ја сними една вечер за 10 минути во студиото на Радио Белград. Неговиот глас ја обележа песната, а подоцна ја снимија и многу други“, откри Војкан.

-Оливер Драгоевиќ ги сними „А сад адио“ и „Човек и брод“ за „Жежок ветар“ за Радио Белград за само 15 минути. Никогаш повеќе не ги отпеа тие песни, но не мислам дека проблемот беше во него, туку во Зденко Руњиќ, со кого соработуваше и кој не сакаше друго име да се појави покрај него, а јас не сакав ниту да го туркам.“

„А сад адио“ била изведена на стадионот во Будимпешта кон крајот на осумдесеттите години, кога Љубиша Самарџиќ бил прогласен за актер на годината во Унгарија, пишува Стил.

„Смоки ја испеа таа песна на унгарски, а 100 илјади Унгарци го следеа“, рече Борисављевиќ.

Слични објави

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо
Се вчитува....