02:50 - 7 ноември, 2026

Две години пред трагичната смрт, Дијана зборувала за тоа дали принцот Чарлс треба да биде иден крал

Принцезата Дијана, пред нејзината трагична смрт не била воодушевена од идејата Чарлс да стане крал. За неговата компетентност за иден крал таа зборувала во интервју за Панорама на Би-Би-Си во ноември 1995 година, две години пред да загине во сообраќајната несреќа.

За време на интервјуто за Панорама Дијана, новинарот Мартин Башир ја прашал:

„Дали мислите дека би имало повеќе смисла, со оглед на брачните тешкотии што ги имавте вие ​​и принцот од Велс, круната директно да помине на вашиот син Вилијам?

Принцезата Дијана одговорила:

„Па, тогаш треба да видите дека Вилијам е многу млад во моментов, па дали сакате таков товар да му се стави на рамениците на таа возраст? Затоа не можам да одговорам на тоа прашање“.

Во тоа време Вилијам имал 13 години.

Башир потоа ја прашал принцезата дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога ќе стане полнолети. Дијана беше многу одмерена и рече:

„Мојата желба е мојот сопруг да најде душевем мир, а од тоа следуваат други работи, да.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....