5.8 C
Скопје
00:16 - 1 април, 2026

Драгана Мирковиќ официјално се разведе од Тони Бјелиќ: Пејачката ги потпиша документите, стави крај на 25-годишниот брак

Српската пејачка Драгана Мирковиќ официјално се разведе од Тони Бијелиќ, со кого помина 25 години во брак.

Поминаа 13 месеци откако Драгана Мирковиќ објави дека ги поднела документите за развод, а вчера, по 25 години брак, ги потпиша сите потребни документи пред австрискиот суд со својот сега веќе официјално поранешен сопруг Тони Бјелиќ.

Инаку, минатата година српската, но и регионалната јавност беше изненадена од веста дека една од најголемите музички ѕвезди поднела барање за развод.

Во тоа време, Драгана даде само една изјава:

– Со жалење морам да ве известам дека поднесов барање за развод. Долго време, мојот однос со Тони повеќе не е како што беше, цело време практично водевме одвоени животи и не живеевме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, заради моето семејство и затоа што бев воспитана на тој начин, направив сè за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Сепак, со текот на времето, таа разлика стана поголема и сфатив дека им нанесувам поголема штета на моите најблиски со тоа што со сила останувам во нешто што не функционира долго време, отколку со тоа што ставам крај на нашиот брак.

Тони наводно е во врска со мистериозна милионерка од Италија, а неговата поранешна сопруга Драгана Мирковиќ интригира со својата објава на мрежите откако се прошири веста за неговата нова избраничка.

– Толку среќен ден – напиша Драгана и објави фотографија на која позира насмеана.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....