01:21 - 2 април, 2026

Драгана Мирковиќ не штеди на снаата: Пејачката ќе искешира 10.000 евра за породувањето на Мелани

Синот на пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, Марко Бијелиќ, го очекува своето прво дете со сопругата Мелани Димитријевиќ, а тие неодамна открија дека ќе станат родители на девојче.

Како што пренесуваат спрските медиуми, подготовките за доаѓањето на наследничката се веќе во полн ек, а Мелани и Марко се одлучиле за луксузна приватна клиника во Виена.

Како што наведува извор близок до парот, покрај врвната медицинска нега достапна 24 часа дневно, идната мајка ќе има можност да користи бројни дополнителни услуги – од доаѓање на фризер, маникир и педикир директно во болничката соба, до пристап до посебно уреден простор за медитација и релаксација.

Наводно, породувањето во оваа клиника чини близу 10.000 евра, но Марко и Мелани не штедат кога станува збор за удобноста и безбедноста на нивното бебе, а ниту на идната баба Драгана тоа не ѝ претставува проблем.

Тајно се венчаа
Да потсетиме, неодамна се одржа интимна венчавка на Марко Бијелиќ и Мелани Димитријевиќ, синот и снаата на пејачката Драгана Мирковиќ. Интимната, но гламурозна церемонија беше приредена во замокот каде што живее Драгана, а од луксузната декорација на сите им застана здивот.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....