6.6 C
Скопје
03:56 - 1 април, 2026

Драгана Мирковиќ искеширала 15.000 евра за внуката: Идната баба се фрлила на купување, не штеди пари

Пејачката Драгана Мирковиќ почна да ја опремува собата на својата внука, а веќе потрошила 15.000 евра за работи за бебето.

Имено, синот на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ, Марко Бијелиќ наскоро ќе стане татко. Неговата избраничка, Мелани Димитријевиќ, е бремена во петтиот месеци и носи девојче.

Идниот дедо неодамна им купи на Меланија и Марко стан во Белград на вода, за да имаат каде да бидат кога се во Србија, каде што планираат да го поминат поголемиот дел од своето време во иднина. Откако дознала дека ќе биде баба на мало девојче, Драгана почнала да ја опремува собата за бебето.

Пејачката воопшто не сака да штеди пари, па нарачала мебел од највисок квалитет за својата внука. Покрај тоа, нарачала и потребна опрема за бебето, што сето тоа ќе ја чини околу 15.000 евра.

– Драгана не може да ја скрие среќата за својата внука. Секој ден гледа работи и опрема за бебето. Досега таа го нарачала целиот мебел за собата на нејзината внука во станот во Белград, а одбрала и количка, седиште, како и сè што е потребно за бебешка опрема. Навистина го испразнила паричникот, за сè искеширала околу 15.000 евра, но не се кае и сè уште планира да купи за нејзината внука – изјавил изворот за Информер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....