8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

„Донесовме заедничка одлука“: Хрватската пејачка Индира Левак се разведува по 11 години брак

Познатата хрватска пејачка и поранешна членка на групата „Колонија“, Индира Левак се разведува од сопругот Мирослав по 11 години брак.

Имено, пејачката ја изненади јавноста кога на нејзиниот инстаграм-профил објави дека на нивната љубов ѝ дошол крајот.

„Како јавна личност која секојдневно споделува деловни и приватни моменти со вас, чувствувам потреба да ја споделам и оваа вест. Морам да објавам дека по 11 години брак, јас и Мирослав донесовме заедничка одлука да се разведеме. Продолжуваме самостојно да ги развиваме нашите животи, но како две личности кои меѓусебно се почитуваат, остануваме деловни партнери и пријатели. Почитувајќи го долгогодишниот заеднички живот и сите прекрасни заеднички моменти од нашиот брак, повеќе нема да даваме изјави на оваа тема“, напиша Индира.

Инаку, неодамна во едно од интервјуата за медиумите Левак се осврна и на својот брачен живот.

„За мене бракот не е идеален, не постои. Бракот некогаш е бура, а некогаш ураган… Сепак, љубовта е најважна, како и почитта. Мојот сопруг е моја сродна душа, а ние сме две темпераментни луѓе. Јас сум девица, тој е овен и ние сме многу гласни кога ќе се скараме. Се смируваме подоцна и после 25 години сфативме дека е бесмислено да не се зборува или расправа со денови. Се гушкаме, се бакнуваме и продолжуваме кон нови победи“, изјавила по тој повод хрватската пејачка.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....