9.8 C
Скопје
15:19 - 24 ноември, 2024

Долг аплауз за емотивната претстава „Лепа Брена проект“ во Филхармонија: „Кога се распадна Југославија, се распадна и Брена“

Во саботата вечер, целата публика во Филхармонија прво тивко ја потпевнуваше „Живела Југославија“, а потоа гласно ракоплескаше на претставата „Лепа Брена проект“. Претставата на белградскиот „Битеф“ театар ја играа четири актерки и еден актер, режисерот на претставата Владимир Алексиќ.

Три различни Брени и два симбола на она што Брена значеше во поранешна Југославија умешно ја водат оваа приказна која е носталгична, возбудлива и точна од почеток до крај.
Брена Југословенката, песните на Брена, Брена бизнисменката, Брена на градителстото и Брена на сексуалноста, сето ова е мајсторски претставено преку петте актери кои се менуваат во монолозите на сцената, а заедно изведуваат дел од најголемите хитови на Брена, со нејзината позната кореографија од осумдесеттите.

Во студентските денови, Брена била гладна, имала пари да си дозволи само еден оброк во денот, и додека чекала автобус во Белград, со старата пелерина и скршениот чадор, решила дека мора нешто да смени во нејзиниот живот. Лепа Брена поред полн стадион во Темишвар, ја пее „Живела Југославија“ пред неколку десетици илајди луѓе, во 1984.., ја нарекуваат кич, но таа вели дека на медиумите и на луѓето треба да им се даде простор да коментираат, зашто сето тоа е шоу бизнис.
Брена во моментите кога решила да се повлече од сцената затоа што како што вели: „Кога се распадна Југославија, се распадна и Брена“. Брена во моментот кога облекла маскирна униформа, поточно костум за да го спаси својот татко од виорот на војната во Босна. Брена кога обединуваше народи и народности, остана верна на само едно знаме, она со тробојката и петокраката, и порача- Југославија беше предвесник на сегашната Европска унија, тоа заедништво и пропаѓање на ист културен простор го имавме уште тогаш.

И конечно, Брена во 2000 година, кога ѝ го киднапираа синот Стефан. Во тој момент, таа излегла да прошета, да си ја разбистри главата на воздух. Во паркот, забележала мало девојче кое си игра со неа, поточно со куклата (Барбика) која се викаше Лепа Брена. Седнала на земја, си играла во песокот со куклата и девојчето, и замислувала дека е на плажа, на некој од хрватските острови. Потоа дала автограм на девојчето и нејзината баба, се потпишала токму на куклата.
„Кога се враќав дома, врнеше дожд. Никој по патот не ме препозна. Неколку дена потоа, ни го вратија синот“, раскажа акетрката Александра Јанковиќ како бизнисменката Брена.

Брена на градителството, и убавите солитери кои се викаа по неа, а потоа почнаа да се распаѓаат, исто како и земјата која Брена најмногу ја сакаше, а се случувале и самоубиства од нивните кровови, ја игра Јована Беловиќ. Владимр Алексиќ е Брена на сексуалноста, Живојин Живјиновиќ, маж кој бил фасиниран од неа и настапувал облечен како Брена низ клубовите во Југославија. Анѓела Јовановиќ ја игра Брена Југословенката и автентичен начин и ги пренесува сите нејзини важни пораки во кои сѐ уште верува.

Пораките од песните на Брена, ги доволува Јелена Илиќ. Пеејќи дел од нејзините баладите, преку интересен монолог од нивните стихови, Јелена на крајот му го порачува на народот она што Лепа Брена во текот на својата цела кариера го правела- да ги победат проблемите со песната, која обединува.

Фото – Стефан Рајхл

Слични објави

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо
Се вчитува....